photo

Маслинки

и маслиново масло


Маслинките - извор на здравје и долговечност

Прочуените плодови од маслиновото дрво, уште од антички времиња (2000 год. п.н.е.) се едни од најдрагоцените плодови на природата. Маслиновото дрво според Грчката митологија симболизира: мир, плодност, прочистување и нејзиниот производ претставува исклучителен дел од човековата исхрана.
Маслинките пак се уникатен, чист и природен производ, есенцијални за модерниот и здрав начин на живеење, со ниска калоричност (10 калории по маслинка) и богати со витамини А, Б и Е и исто така богати со железо и калциум.
КОТЕКО избира исклучиво првокласни Грчки маслинки со екстра квалитет од повеќе различни видови, како: блонд, црни, каламата, зелени и зелени со пиперче кои ги задоволуваат и вкусовите на најпребирливите потрошувачи.


Маслиново масло

Уште одамна е докажано дека високата концентрација на олеинската киселина која се наоѓа во маслиновото масло е најдобар сојузник на нашето срце.
Истражувањата јасно покажуваат на тоа дека меѓу жителите на медитеранскиот залив, кои користат исклучително маслиново масло, многу е помал процентот на смртни случаеви предизвикани од срцеви болести.
Маслиновото масло се состои од еднакви делови на незаситни масни киселини и тоа 73% олеинска, 9% линолеинска и 0.3% линоленска. Содржи и омега 3 и омега 6 масни киселини, слободни масни киселини, хлорофил и бројни други здрави супстанци.
Исто така маслиновото масло го регулира холестеролот - маслените масти многу поволно делуваат на контролирањето на холестеролот во крвта. Не само што ја смалува присутноста на лошиот холестерол (ЛДЛ) во вените и артериите, туку и ја зголемува количината на добриот (ХДЛ). Со тоа се докажува дека маслиновото масло може да спречи заболувања на крвниот систем, опасноста од инфаркт или артериска тромбоза.
Ја чува младоста - маслото добиено од маслинката е богато и со витамин Е, кој го штити организмот од слободни радикали кои, пак, му нанесуваат на организмот прерано стареење.
Докажано е дека 20мл од маслиновото масло, задоволува 22% од дневните потреби за овој витамин. Со своето анти-оксидантско делување го спречува самото стареење и пропаѓање на организмот, пред се мозокот, а потоа и ткивата воопшто.
Освен тоа, внес на две лажици сирово масло на ден, им користи на сите органи.